Stipe Mayiç
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Транспаренси Интернешнал Хрватска, го објави индексот на перцепција за корупција за 2015 година, со кој се опфатени 168 земји во светот. Во балканскиот регион, во однос на 2014 година, највеќе напредуваа Хрватска и Албанија, а состојбата со корупција влошена е во БиХ, Србија и Македонија. Словенија и понатаму е највеќе пласирана на ранг листата, јави Anadolu Agency (AA).
Индексот на перцепцијата користи скала од 0 до 100, со тоа што 0 претставува висококорумпирана држава, додека онаа оценка со 100 се смета со земја без корупција.Државите со висока оценка се држави во кои владее правото и правилата за однесување на јавните службеници се јасно дефинирани.
Регионално глеано, во однос на минатата година, највеќе напредуваа Хрватска и Албнанија за 3 бода. Хрватска со 48 поени од 48 се искачи на 51 бод, а Албанија од 33, достигна 36 бода.
Словенија има 60, а Црна Гора 44 бода, и двете земји напредуваа за два бода. Косово стагнираше на 33 бода, а сите останати земји од регионот забележаа пораст на корупцијата и пад на ранг листата.
Србија со 41 бод падна на 40, а БиХ од 39 на 38 поени. Најголем пад имаше Македонија, за три поени, од 45 на 42 поена.
Регионално, Словенија напредуваше највеќе во борбата против корупцијата и се наоѓа на 37 место на ранг листата која вкупно има 168 земји. Хрватска е на 52 место, Црна Гора на 67, Македонија на 68, Србија на 73, Босна и Херегоција на 78, Албанија на 90, а Косово на 107 место.
Даворка Будимир, претседателка на Транспаренси Интернашнал Хрватска, порача дека непа поголема штета за општеството од корупцијата која овозможува незаконските активности намерно да се прикриваат, а во јавноста да излегуваат низ скандали,истраги и судења. Истакна дека индексот на перцепција ја корупцијата е ограничен на јавниот сектор, на функционерите, политичарите и службениците.
Се проценува злоупотреба на власта, подмитување на функционерите, изигрување на јавните набавки, проневерување на јавните пари, успешност на антикорупциските мерки во јавниот сектор и слично.
Најмалку корупмирани држави во 2015 година се Данска и Финска, следуваат Шевска, Нов Зеланд и Холандија, а на крај на ранг листата за корупција се Сомалија и Северна Кореа.
Индексот на перцепција за корупцијата за 2015 година покажува дека 68 отсто, од државите имаат помалку од 50 поени, додека просек на сите 168 држави кои учествуваат во истражувањето изнесува 43 бода