Senita Şeherçehayiç
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
САРАЕВО (AA) - Во период од 17 до19 април на територијата на Босна и Херцеговија, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија спроведена е координирана меѓународна полициска акција под називот "Балкан Тригер" со цел спречување и расветлување на кривичните дела во врска со илегална трговија на оружје и експлозивни средства, притоа не занемарувајќи спречување и расветлување на другите кривични дела во областа на организиран криминалитет, соопштено е од Дирекцијата за координација на полициските тела во Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency.
Акцијата е реализирана во соработка со Генералниот Секретаријат на Интерпол во Лион, со поддршка на ЕУРОПОЛ И ФРОНТЕКС.
Во Дирекцијата за координација на полициските тела на БиХ, во рамките на која се наоѓа Националниот централен биро на Интерпол на Сараево, со цел поефикасна размена на информациите, кооридинација и реализација на акцијата воспоставен е Регионален координационен центар во кој во текот на траењето на акциата се наоѓале претставниците на политичките тела од Босна и Херцеговина и полицијата на земјите опфатени со акцијата.
"Во текот на акцијата спроведена на тероторијата на шест земји од регионот пронајдени се и одземени 44 комади на огнено оружје, со повеќе парчиња муниција од различен калибар, 6.300 грама експлозивни средства, 11 рачни бомби, 250 грама барут, 257.000 евра, 14 килограми злато, три патнички моторни возила за кои е распишана меѓународна потрага , пронајдени се 52 килограми опојна дрога "марихуана", соопштено е од Дирекцијата.
Освен тоа, од слобода се лишени вкупно 22 лица, од кои шест лица се лишени врз основа на меѓународни потерници, извршен е поголем број на проверки за оруже во iARMS базата на Интерпол и националните бази бази на податоци за оружје за што до сега се упатени 11 барања за додатни проверки кон другите држави по пат на iARMS апликацијата, извршен е поголем број проверки низ меѓународните и националните бази на потрагите за лица, возила и документи (проверки за 42.670 лица, 2.515 возила, 42 автобуси, 290 камиони, 451 документ). Исто така изврешн е и одреден број на претреси на станови и автомобили со цел пронаоѓање на огненото оружје за што се преземени и други активности со цел спречување и расветлување на кривичните дела.
На подрачјето на Босна и Херцеговина, пронајдени се и одземени 26 комади на огнено оружје, са повеќе комади муниција од различен калибар, 6.300 грама експлозивни средства, 10 рачни бомби, 250 грама барут, патничко моторно возило за кое е распишана меѓународна потерница, пронајдени е со 52 килограми опојна дрга марихуана.
Дирекцијата за координација на полициските тела наведува дека на подрачјето на БиХ од слобода се лишени вкупно 10 лица, извршен е поголем број на проверки за оружје во iARMS базата на Интерпол и националните бази на податоци за оружје, а упатено е 11 барања за дополнителни проверки кон другите држави по пат на IARMS апликацијата. Извршен е поголем број на проверки кои низ меѓународни и национални бази на податоци за лицата, возилата и документите (проверка за 7605 лица, 2011 возила, 20 автобуси, 123 камиони) исто така изврешен е и одреден број на претреси на станови и автомобили со цел пронаоѓање огнено оружје а преземени се и други активности со цел спречување и расветлување на кривичните дела.
"Во текот на реализацијата на оперативната акција 'Балкан Тригер' , помеѓу полициските агенциии во Босна и Херцеговина остварен е висок степен на комуникација, координација и соработка, за што сведочат и остварените резултати на акцијата. Тоа е воедно и голем придонес на бх. полициските акценции во спроведувањето на 'Стратегијата за борба против органзиран криминал во Босна и Херцеговина“ (2014 - 2016)", наведе Дирекцијата заблагодарувајќи се на агенциите за спроведување на законите во БиХ и странство кои учествувале во подготовка и реализација на оваа оперативна акција.