ПРИШТИНА (AA) -Полна интеграција на Балканот во Европската Унија и НАТО ќе и донесе стабилност на Европа, изјави денес во Приштина заменик министерот за надворешни работи на Република Турција, Наџи Кору во излагањето на тема глобални безбедносни предизвици во контекст на Југоисточна Европа и Балканот, на вториот ден од Третата меѓународна конференција "Гермиа Хил" на која се зборува за безбедноста во Југоисточна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Кору оцени дека Балканот е многу чувстителен дел од Европа поради својата географска положба. Тој потсети дека во текот на во блиско и подалечно минато регионот пател од последиците на негативните случувања, но дека денес Балканот минува низ историски период, бидејќи оние кои политички, социјално и етнички се поделени избрале дијалог и соработка.
“Евроатланската интеграција на регионот напредува стабилно. Ефектот на трансформација на овој процес охрабрува нормализација на соседските односи. Меѓутоа, елементите на нестабилност и потенцијален ризик за безбедноста во поширокиот регион бараат зрелост и внимание во нашиот преглед на регионот", предупреди Кору.
Турскиот дипломат наведе дека, и покрај последните позитивни случувања, непрекидната миграција на бегалците од Средниот исток кои бегаат од страшните судири во Сирија и Ирак, Балканот повторно го доведе во фокусот на "чувствителна зона".
Кору изнесе став на турската влада дека стабилно решение за проблемот на илегалната миграција може да се најде само со запирање на конфликтот и економско уништување на изворот на кризата. Заменик министерот за надворешни работи на Турција рече дека движењето на мигрантите во правец на Југоисточна Европа сведочи дека Турција беше во право кога им се обрати на своите пријатели и партнери да не биде оставена во напорите да с есоочи со последиците на оваа голема трагедија. Според статистиката на УНХЦР, Турција е земја домакин на најголемиот број на бегалци во светот, наведе Кору.
“Нашата држава е куќа за повеќе од 2,5 милиони Сиријци. Бројот на сириските бебиња родени во Турција е поголем од 150 илади. Турција потроши преку осум милијарди американси долари за потребите на Сиријците, додека до сега од меѓународната заедница добивме само 455 милиони американски долари. Ова не е одржливо", рече тој.
Кору истакна дека сепак, Турција е одлучна да продолжи со пружање на помош и сигурност на бегалците кои се наоѓаат во тешка состојба, како и со конкретни акции да ја подига глобалната совест за трагедијата на илегалните мигранти во Средоземното море, што е тема на која беше дискутирано и на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации во ноември минатата година, како и на Самитот Турција-ЕУ, којшто се одржа во Брисел на 29 ноември минатата година.
Истовремено, заменик на шефот на турската дипломатија изрази благодарност на земјите од Балканот на острите мерки кои ги презмаат во спречување на своите граѓани да учествуваат во странските војни. Тој додаде дека процесот на евроатланските интеграции е клчен за постојан мир и стабилен развој на Балканот, бидејќи со поголема интеграција на Балканот во ЕУ полесно ќе бидат елиминирани потенцијалните ризици за безбедност. Соработката со НАТО, исто така е многу важна за безбедноста и стабилноста на цела Европа, заклучи Кору.
Дводневната Конференција "Гермија Хил" која вечерва завршува со работа, ја организираат Министерството за надворешни работи на Косово и германскиот Аспен институт, а главна тема на собирот се главните предизвици и улогата на НАТО и ЕУ на Западен Балкан. На собирот присуствуваат 200 учесници од 40 држави, меѓу кои се шест министри за надворешни работи и одбрана, како и други политички претставници, уредници на светските медиуми и експерти од областа на безбедноста.
news_share_descriptionsubscription_contact
