Физичка пресметка во салата на Собранието на Косово, повторно фрлен солзавец
На самиот почеток на седницата на Собранието на Косово дошло до краток физички напад на пратеникот од „Самоопределување“, Албин Курти и собраниското обезбедување?????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
ПриштинаПРИШТИНА (АА) – На самиот почеток на седницата на Собранието на Косово утрово дошло до краток физички напад на пратеникот на опозиционата „Самоопределување“, Албин Курти, со собраниското обезбедување, кој се обиде со спреј да ги испрска членовите на владиниот кабинет, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Собранието рече дека опозицијата самата себе се исклучува од работата на Собранието, па даде пауза.
Потоа, пратениците од опозицијата фрлија солзавец поради што пратениците беа принудени да ја напуштат салата. Во тек е состанокот на Претседателството на Собранието На дневниот ред на вонредната седница на Собранието има само една точка на дневниот ред, разгледување на нацрт законот за буџетот за 2016 година.
Седницата се одржува на барање на премиерот, Иса Мустафа. Истовремено, специјалните единици на косовскта полиција излегоа пред зградата на Собранието каде што почнаа да се собираат поддржувачи на опозицијата.
Претходно, полицијата ги заштити зградата на Владата и Собранието со метални барикади поради подготовките за церемонијалниот дочек на јорданскиот крал Абдула II,кој доаѓа во посета на Косово на повик на претседателката Атифете Јахјага.
Потсетуваме дека претседателот на Собранието, Кадри Весели, вчера соопшти дека 82 пратеници потпишаа барање до Претседателството и недлежните безбедносни институции да се создадат нормални услови за работа во пленарната сала на Собранието.
Последната седница, по употребата на солзавец од страна на опозицијата, одржана е во импровизирана сала на петтиот кат на која не присуствуваше опозицијата.
Исто така, претседателот Весели предложи одржување на посебна седница на која би се изнела загриженоста на опозиционите партии во поглед на разграничувањето на границата со Црна Гора.
Меѓутоа, потпретседателката на Собранието, Аида Дергут, од Движењето „Самоопределување“, во име на опозицијата се изјасни против таквата седница.
Како би го блокирала Собранието, опозицијата во повеќе наврати користеше солзавец и јајца, а блокадата ја прекина само два пати кога се одржуваа свечени седници во чест на претседателот на Австрија, Хајнц Фишер и европскиот комесар, Јоханес Хан.