Zülfiya Yakup
17 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Во Приштина во тек е протестот кој го организира обединетата косовска опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници граѓани со национални црвено-црни знамиња и знамиња на Косово и САД во рацете, ги следат говорите на лидерите на Движењето на „Самоопределување”, Алијансата за иднина на Косово и Иницијатива за Косово.
Протестот се одржува денес, на Денот на независноста на Косово, а ќе се побара пад на Владата и повлекување на Договорот за Заедницата на општини со српско малцинство и Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Опозицијата од половината на септември минатата година ја блокира работата на косовското собрание поради противење на тие договори, што според нив е штетен за Косово.
Во градот е видливо зголеменото присуство на полицијата, а специјалните единици ја штитат зградата на Владата и Собранието.
Пред протестот, косовски и меѓународни официјални лица повикаа на мирни протести и воздржување од насилство.