Косово: Собранието го усвои буџетот за 2016 година, судир на полицијата со поддржувачите на опозицијата
Собранието на Косово на вонредната седница одржана во импровизирана сала, без присуство на опозицијата, го усвои по првото читање Законот за буџетот за 2016 година??????? ??????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
ПриштинаПРИШТИНА (АА) - Собранието на Косово на вонредната седница одржана денес во импровизирана сала, без присуство на опозицијата, го усвои Законот за буџетот за 2016 година по првото читање.
Расправата беше кратка поради денешната посета на јорданскиот крал Абдула II, кој на Косово доаѓа на повик на претседателката Атифете Јахјага. Буџетот начелно е усвоен со 71 глас „за“, од вкупно 79 присутни пратеници.
Само еден пратеник се изјасни „против“, додека седум пратеници беа воздржани. Опозиционите пратеници утрово повторно фрлија солзавец во пленарната сала на Собранието, со цел блокирање на работата на парламентот, а дојде и до краток судир на собраниското обезбедување со Албин Курти, пратеник на „Самоопределување“, кој се обиде со спреј да ги испрска членовите на владиниот кабинет.
Премиерот на Косово, Иса Мустафа, на почетокот на седницата во импровизираната сала кажа дека денешното однесување на опозицијата е криминален акт на поединци врз кои косовските институции треба да преземат мерки бидејќи блокадата е неприфатлива.
И заменикот премиерот, Хашим Тачи, делувањето на опозицијата го нарече криминално и налудничаво, и дека е помината црвената линија на толеранција. Во меѓувреме, лидерите на Обединетата косовска опозиција, денешната седница ја оценија за нелегална.
Лидерот на Движењето Самоопределување, Висар Имери, рече дека пратениците на опозицијата двапати се обидоа да влезат во импровизираната сала, но дека ги спречила опозицијата.
Полицијата, според неговите зборови, била насилна и употребила солзавец и во таа прилика повредени се пратениците Албулена Хаџиу и Албин Курти. Лидерот на иницијативата за Косово,Фатмир Лимај, изјави дека Косово се движи кон полициска држава, и ги повика граѓаните тоа да не го дозволат, додека претседателот на алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, ја повика владата да ги повлече спорните Договори за Заедница на општините со српско мнозинство и демаркација на границата со Грна Гора.
Откако на самиот почеток е прекината седницата на Собранието во пленарната сала, поддржувачите на опозицијата накратко се судрија со полицијата на другиот влез од зградата на Собранието.
Тие ја гаѓаа полицијата со тврди предмети, па полицајците одговорија со солзавец и ги растераа демонстрантите низ улицата која води кон седиштето на Движењето Самоопределување.
Истовремено, специјалните единици на косовската полиција, зградата на Владата и Собранието ги оградија го метални барикади поради подготовките за церемонијалниот дочек на јорданскиот крал АбдулаII.