Zülfiya Yakup
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Стотина ветерани на Ослободителната војска на Косово денес одржа мирен протест пред зградата на Владата на Косово, со цел изразување незадоволство што Владата не ги исполнила своите обврски кон нив. Протестот е одржан во организација на Одборот за заштита на борците на ОВК, јавува Anadolu Agency (АА).
Претседателот на одборот, Џевдет Ќериќи, кажа дека нивното барање до Владата е брзо разгледување на жалбите на ветераните и нивно реализирање, бидејќи нивната материјална состојба е тешка.
„Бараме Владата на Косово да ги изврши обврските кон ветераните кои аплицираа за пензија. Второ, да се основа Комисија за одредување на степенот на воен инвалидитет, затоа што статусот е признат од страна на комисијата”, рече Ќериќи.
Тој истакна дека ветераните поднеле жалби пред долго време, но министерот за труд и социјална политика со нив сè уште се нема состанато што ги натерало на протест.
„Иако аплицираа на време и ги завршија сите процедури во врска со остварувањето на правото на пензија, околу четири до пет илјади ветерани не го уживаат своето право на пензија и не им се дава никаква информација зошто пензијата не им се исплатува”, рече Ќериќи.
Ќериќи рече дека денешниот протест е знак на предупредување за Владата доколку не ги изврши своите обврски кон ветераните до крајот на овој месец, следниот протест можеби нема да биде мирен.