Atila Altuntaş
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Челникот на Генералштабот на шведската војска Мајкл Бајден, соопшти дека руски воен авион пресретнал шведски воен авион во текот на летот над Балтичкото Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шведската новинска агенција ТТ јавува дека руското пресретнување се случило пред 15 дена и дека рускиот авион SU-27 го вознемирил шведскиот авион ASC890 во близина на данскиот остров Борнхолм.
Руското пресретнување е завршено дури кога полетале два шведски борбени авиони "Gripten".
Истакнувајќи дека настанот се случил пред 15 дена и дека одредено време таа информација е држана во тајност, Бајден рече дека Генералштабот одлучил да ѝ ја соопштат на јавноста таа информација со оглед на тоа дека станува збор за многу опасно пресретнување.