свет

Израел ги отфрли обвиненијата за падот на рускиот авион во Сирија

Израел тврди дека за соборувањето на рускиот авион е одговорен режимот на Асад, но и Иран и Хезболах.

Mustafa Deveci  | 18.09.2018 - Обновена : 19.09.2018
Израел ги отфрли обвиненијата за падот на рускиот авион во Сирија

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Властите на Израел ги негираа руските обвиненија за одговорност за соборувањето на рускиот воен авион од сирискиот противвоздушен систем, јавува Anadolu Agency (AA).

Сирискиот противвоздушен систем „С-200“ синоќа го собори рускиот воен авион „II-20“ со 15 руски војници. Руското Министерство за одбрана го обвини Израел дека е одговорен за инцидентот до кој дојде за време на израелските воздушни напади врз Сирија.

Израелската Војска објави писмена реакција во која изразува жалење поради загинувањето на 15 руски војници.

Во соопштението се наведува дека израелските бомбардери „Ф16“ синоќа гo гаѓале комплексот на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во кој се наоѓала артилерија што требало да заврши во рацете на либански Хезболах.

Израелската Војска, исто така, тврди дека рускиот авион е срушен со проектилите на режимот на Асад.

„Нашите авиони беа во израелскиот воздушен простор во моментот кога силите на Асад испукаа ракета која го сруши рускиот авион. Паралелно со тоа, рускиот авион не беше во тоа подрачје во моментите на израелскиот напад во Латакија. Противвоздушната одбрана на Сирија без размислување истрелуваше ракети“, се наведува во соопштението на израелската Војска.

Израел тврди дека за соборувањето на рускиот авион е одговорен режимот на Асад, но и Иран и Хезболах.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın