Hajer M'tırı
18 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
ПАРИЗ (АА) - Европскиот суд за човекови права денес ги осуди белгиските власти за прекршување на Конвенцијата на Европската Унија (ЕУ) за човековите права со тоа што не ѝ дозволиле на муслиманка да биде присутна во судница бидејќи одбила да ја тргне својата марама, јавува Anadolu Agency (AA).
На г-ѓа Лачири која во 2007 година присуствувала на сослушување во судот за случај поврзан со смртта на нејзиниот брат, од страна на судијата претседавач не ѝ било дозволено да остане во судницата, доколку не ја тргне својата марама. Таа одбила да го направи тоа и не присуствувала на сослушувањето.
Лачири ја оспори одлуката во локалните судови и поднесе жалба до Врховниот европски суд во декември 2008 година.
Европскиот суд за човекови права, со мнозинство од шест гласови наспроти еден, пресуди дека постои прекршување на член 9 (слобода на мисла, совест и религија) од Европската конвенција за човекови права.
Според пресудата на судот, отстранувањето на Лачири од судницата поради тоа што одбила да ја отстрани својата марама претставувало ограничување во остварувањето на нејзиното право за манифестирање на својата религија.
„Судот утврди дека потребата за ограничување за кое станува збор не е воспоставена и дека повредата на правото на г-ца Лачири за слободно манифестирање на својата религија не е оправдана во едно демократско општество“, пишува во пресудата.
Белгија ќе треба да ѝ плати на Лачири отштета од 1.000 евра.