Bedrudin Brlyavac
19 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Барак Обама во петокот му честита на претседателот на Франција, Франсоа Оланд и белгискиот премиер Чарлс Мишел за апсењето на главниот осомничен за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Претседателството на Франција потврдија дека Обама телефонски разговарал со Оланд за да му честита за антитерористичката акција.
„Честитка и од претседателот на САД. Белгија и Франција се обединети во борбата против тероризмот”, напиша на својот официјален профил на Твитер и Чарлс Мишел, ставајќи фотографија каде што стои покрај францускиот лидер.
Откако вчера во Брисел беше уапсен Салах Абдеслам, еден од терористите кои во ноември 2015 година го организираа и изведоа терористичкиот напад во Париз, Оланд и Мишел порачаа дека ова апсење е резултат на интензивната соработка на полициите на двете земји.
„Салах Абдеслам е уапсен со уште двајца соучесници. Моите мисли се со жртвите од нападот во чија организација директно учествувал Абдеслам. Ова апсење е резултат на интензивната соработка на белгиската и француската полиција која продолжува бидејќи сè уште не е завршено сè”, рече Оланд на синоќешната конференција за медиумите
Неколку терористички напади без изведени на 13-ти ноември 2015 година во Париз. Тогаш загинаа 130, а 351 лице беше рането. Одговорноста за овие напади ги презеде терористичката организација ДАЕШ. Овие напади ги осудија бројни државјани како и организации.