свет

Израелската полиција ги нападна обезбедувањето и верниците во „Ал Акса“

Фирас Дибс, портпаролот на Управата за вакуфи во Ерусалим, соопшти дека група од 260 радикални Евреи влегле во „Ал Акса“

Mustafa Deveci  | 18.09.2018 - Обновена : 19.09.2018
Израелската полиција ги нападна обезбедувањето и верниците во „Ал Акса“

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција ги нападна обезбедувањето и верниците во комплексот „Ал Акса“, сместен во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).

Очевидците наведуваат дека израелската полиција ги нападнала обезбедувањето на комплексот и верниците кои реагирале на забраната за влезот во комплексот.

На социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа дека израелската полиција привела Палестинци. Во комплексот „Ал Акса“ денес е многу тензично. Од една страна израелската полиција, а од друга страна радикалните Евреи.

Фирас Дибс, портпаролот на Управата за вакуфи во Ерусалим, соопшти дека група од 260 радикални Евреи влегле во „Ал Акса“.

В среда започнува еврејскиот празник Ден на помирување (Yom Kippur), а по него седумдневниот Сукот.

Израелските сили од 2003 година воведуваат еврејски доселеници во комплексот на „Ал Акса“, а на муслиманите често им наметнуваат старосна граница за влез. Поради верувањата дека тука се наоѓаат остатоци од Соломоновиот храм, израелските власти вршат тајни ископувања под комплексот и со тоа ги загрозуваат историските објекти.

Комплексот на „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим (Кудс), кое е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın