?????
16 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Белгиските власти објавија дека во серија рации во Брисел уапсени се десет лица во врска со мрежата на регрутација во ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на Федералното обвинителство вчера изјави дека се извршени девет рации во четири бриселски населби во кои живеат многу екстремисти. За време на претресот се запленети компјутери и мобилни телефони, кои во моментов се истражуваат.
Во соопштението се наведува дека полициската акција спречи обид неколку луѓе да се приклучат кон ДАЕШ, во Сирија. Судијата ќе одлучи дали осомничените ќе останат во притвор и дали против нив ќе биде поднесено обвинение.
Беше истакнато дека рациите не се поврзани со осомничените за терористичкиот напад во Париз на 13-ти ноември 2015 година, кога загинаа 130 лица.