Mahmut Atanur
16 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
ПЕКИНГ (АА) - На една фарма во Тајван евтаназирани се 3.088 кокошки кај кои е регистриран птичјиот грип, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти локалниот медиум „Фокус Тајван”, на една фарма e регистриран птичјиот грип. Здравствена инспекција за анализа и здравје на растенијата открила грип по што се евтанизирани 3.088 кокошки.
Службениците од инспекцијата велат дека евтанизацијата на кокошките на фармите е стандарден процес кој се врши во случај на вакви појави. Исто така, фармата и околината беа исчистени и дезинфицирани.