Tevfik Durul
20 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ТАЈПЕЈ (АА) - Цај Инг-вен, кандидатката на опозициската Партија за демократски напредок (DPP), која победи на претседателските избори во Тајван, кои се оджаа во месец јануари, и стана првата жена претседател на Тајван, ја положи слечената заклетва и повика на „позитивен дијалог со Пекинг“, јавува Anadolu Agency (AA).u
Цај свечената заклетва ја положи во претседателската палата во Тајпеј.
Во својот говор по повод инаугурацијата пред палатата повика на „повеќе демократија и слобода" и истакна дека нејзини приоритети се намалување на невработеноста, конторла и сигурност на храната и правна реформа.
Лидерот на DPP Цај ја повика кинеската власт да го „почитуваат Тајван". Претседателката додаде дека нека да употребува јазик кои би можел да испровоцира и ги подигне тензиите меѓу Кина и Тајван и истакна дека е „спремна на дијалоги соработка со власта во Кина".
Инаугурацијата на Цај беше проследена со голема прослава, музика и танц во традиционална облека. Илјадници луѓе ја следеа прославата.
Кина смета дека Тајван е дел од нејзината територија. Економијата на Тајван во голема мерка е зависна од Кина. Околу 40 отсто на надворешната трговија на Тајван претставува трговија со КИна. На телацијата Кина - Тајван годишно патуваат околу 8 милиони туристи, а имаат и размена од околу 40.000 студенти.