Gülbin Yıldırım
20 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард, по повод 1. Светски хуманитарен самит кој на 23 и 24 мај ќе се одржи во Истанбул, ја повика меѓународната заедница да даде полна поддршка на самитот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лагард во својата пишана изјава по повод одржување на самитот порача дека светот е пред голем испит бидејќи хуманитарната помош е се повеќе потребна, поради што повика на солидардност.
„Одлуката на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун да се организира Светскиот хуманитарен самит е правовремена и заслужува потполна поддршка од меѓународната заедница"; порача Лагард и додаде дека сите земји кои во таа смисла можат да го дадат својот придонес треба да направат се што е во нивна моќ.
Исто така, нагласи дека потреба за хуманитарна помош на најголемо ниво од Втората светска војна па наваму.
„Милион луѓе во светот се наоѓаат во состојба за потреба од хуманитарна помош. Тоа секако за нас претставува најголем испит на денешнината", истакна Лагард.
Таа додаде дека и организацијата со која претседава ќе направи она што e потребно, истакнуваји дека ММФ на земјите кои се борат со хуманитарни кризи ќе им овозможи посебни кредити.
На 1. Светски хуманитарен самит во Истанбул се очекува учество на високите државници и функционери од преку 70 земји од светот.