Emre Aytekin
07 Ноември 2022•Ажурирај: 08 Ноември 2022
ПЕКИНГ (АА) - Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека околу островот биле забележани 44 кинески воени авиони, четири воени бродови и два воени дрона, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно 15 воени авиони на Ослободителната народна армија и два дрона ја преминале медијалната линија, се вели во соопштението, и се додава дека четири други авиони летале на источниот дел од зоната за идентификација на противвоздушната одбрана.
Се додава дека кинеските воздушни летала и поморските возила биле следени со електронски алатки за следење, патролни авиони, бродови и копнени ракетни системи.
Кина ги зголеми воените активности околу Тајван, кој го смета за своја „отцепена провинција“, откако во август претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, предводеше делегација во островската држава со над 24 милиони жители.
Кина го смета Тајван како „отцепена провинција“ и покрај тоа што Тајпеј е самоуправа од 1949 година. Пекинг вети дека ќе го обедини островот со континентална Кина и со сила доколку е потребно.
Освен покажувањето на воена моќ, Пекинг го редуцира и воениот дијалог со САД и ја прекина соработката за прашањата за климатските промени, заедно со шест други контрамерки.