Bedrudin Brlyavac
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
САРАЕВО (AA) - Најмалку 21 лице е повредено во експлозија на воз која се случи денес во Таипеи во Тајван, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат локалните медиуми, експлозијата се случи во вечерните часови, во четврток на приградскиот воз во Таипеи.
Според соопштението на Управата на железниците наТајван (TRA),во моментот на експлозијата возот се наоѓал на железничката станица Сонгшан.
Наведоа дека експлозијата се слушнала во поголемиот дел од градот.
Веднаш потоа избувна и пожар кој со брза реакција на пожарникарите е изгаснат. Се додава дека причината на експлозијата сеуште не е позната.
TRA исто така соопшти дека повредените лица се префрлени во најблиските болници.