Ali Cura
07 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
КИЕВ (АА) - Американскиот државен секретар Џон Кери, кој престојува во посета на Украина, изјави дека ќе бидат продолжени санкциите кон Русија доколку оваа земја не ги исполни обврските за намалување на напнатоста во источниот дел од Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Кери, кој престојува во официјална посета на Украина,во главниот град Киев се состана со претседателот на таа земја, Петро Порошенко. По состанокот зад затворени врати, одржана е прес-конференција.
Кери истакна дека САД ќе пружи додатна помош за населението во украинскиот Донбас.
„Денес тоа му го кажав и на претседателот Порошенко. САД ќе пружи додатна помош за населението на Донбас, кое по судирите претрпе огромна штета. За тоа ќе бидат издвоени додатни 23 милиони долари”, изјави Кери.
Тој додаде дека прекин на судирите во Донбас е можен со имплементација на договорот од Минск, но потенцираше дека само тоа не е доволно.
„За прекин на судирите, покрај имплементацијата на Договорот од Минск, потребно е воспоставување на примирје, обезбедување слободно функционирање на ОБСЕ во регионот, ослободување на затворениците, одржување на избори и почитување на суверенитетот на Украина”, изјави Кери.
Тој истакна дека санкциите на САД кон Русија во врска со Крим ќе бидат продолжени, и додаде:
„Доколку Русија не ги исполни своите обврски за намалување на напнатоста, санкциите ќе траат. Истото важи и за Крим. Доколку Русија се одлучи за намалување на напнатоста, целата меѓународна заедница ќе го поздрави тоа. Ќе бидеме во соработка со претседателот Порошенко”.
Кери нагласи дека Украина без сомнеж оди понатаму, дека треба да направи уште многу на полето на јакнење на демократијата, и треба да биде сигурна дека САД ќе бидат покрај Украина.
Украинскиот претседател, Петро Порошенко, изјави дека на неговата земја ѝ е потребна поддршка од САД, посебно кога станува збор за воспоставување на инвестициската клима во Украина.
Тој изјави дека Украина ќе продолжи да инсистира на формирање на меѓународен механизам за прекин на окупацијата над Крим, и додаде дека неговата земја предлага отворен, јасен и транспарентен механизам.
„Во овој механизам треба да бидат вклучени и Европската унија и САД”, рече Порошенко.