Esra Kaymak
24 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) вчера истакнаа дека сè уште го смета ЈПГ за „ефективен партнер” во борбата против ДАЕШ, но не ги поддржува аспирациите на групата за создавање полу-автономни зони во северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„ Ние... го признаваме фактот дека тие се ефективни борбени сили и дека се спремни да преземат (акции) за истиснување на ДАЕШ” , изјави портпаролот на Стејт Департментот, Марк Тонер, за време на прес-конференцијата.
На прашањето дали САД ќе продолжи да ги поддржува ЈПГ и покрај ризикот од оттуѓување на својот главен сојузник, Тонер рече „секако”, додавајќи дека САД е во тесна соработка со Турција и ја разбира загриженоста на Анкара во однос на присутсвото на ЈПГ во северна Сирија.
„Ние, исто така, јасно им ставивме до знаење на овие курдски сили дека не треба да бараат создавање автономни, полу-автономни зони и дека не треба да се обидуваат да ја задржат територијата кои тие ја имаат ослободено”, изјави тој.
И покрај противењето на Турција, САД ги поддржуваат ЈПГ, военото крило на Партијата за демократско единство (ПЈД), која претставува огранок на терористичката организација ПКК која води децениска воена кампања против Турција.
Во меѓувреме, во телефонски разговор вчера, американскиот државен секретар, Џон Кери, му повтори на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека САД бара од Москва да изврши притисок врз сирискиот претседател Башар ал-Асад, да се придржува на договорот за прекин на непријателства, изјави Тонер.