Barış Seçkin
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
РИМ (АА) - Припадниците на италијанските безбедносни сили во последните 24 часа спасија 1.138 бегалци во водите на Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за бегалци кои преку Медитеранот се обидуваат да стигнат до некои европски земји. Со подобрувањето на временските услови во последно време зголемен е бројот на лица од африканските земји кои во Европа се обидуваат да најдат спас од гладта, војните и судирите.
Ја користат веќе познатата рута помеѓу Либија и Италија. Крајбрежната стража на Италија наведува дека нејзините припадници во склоп на акцијата „безбедно море”, вчера спасила 509 бегалци.
Со уште четири различни бродови спасени се уште 629 бегалци. Земјите на Европската унија во септември минатата година постигнаа договор дека во наредните две години ќе згрижат над 160.000 бегалци, бидејќи Грција и Италија се „пренатрупани” со доаѓањето на стотина илјади луѓе.