Ekipa
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
МОСКВА (AA) - Украинската пилотка Надежда Саваченко која по две години поминати во затвот во Русија во сабота е пуштена на слобода, во вторник положи заклетва како застапничка во украинскиот парламент, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саваченко е избрана за член на Врховната рада 2014 година додека се наоѓаше во притвор. Обраќајќи им се на колегите во парламентот, Савченко порача дека приоритет ќе и биде да се бори за ослободување на сите Украинци во Русија, кои официјален Киев ги смета како политички затвореници.
„Апсолутно морате да го извлечете секој затвореник", изјави Савченко како член на партијата на поранешка украинска премиерја Јулија Тимошенко, партијата која во февруари ја напушти владеачката коалиција.
Пратеничката во Врховната рада минатата седмица изјави дека ќе се кандидира и за претседател на Украина доколку е тоа она што народот го сака.
На првата конференција за медиумите по враќањето во Украина, Савченко изјави дека највеќе би сакала да се врати на должноста на воен пилот, но истакна дека со задоволство би се кандидирала за претседател на таа земја доколку тоа е она што Украинците го сакаат.
Савченко се врати на 25 мај во Украина откако претседателот на Русија Владимир Путин потпиша декрет за нејзиното помилување. Помилувањето се случи во склад со договорот за размена на Савченко за двајца државјани, Евгенија Ерефеева и Акенсада Александор, на украинскиот Донбас.
Савченко е заробена во јуни 2014 година поради убиство на двајца руски новинари во источна Украина, кое што дело таа го негираше. Судот во Русија во март оаа година ја осуди на 22 години затвор.