Fatjon Cuka
30 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
ТИРАНА (АА) - На пленарната седница на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО која ќе ја заврши својата работа денеска во Тирана одржaa говор премиерот на Албанија, Еди Рама, неговиот црногорски колега, Мило Ѓукановиќ и претседателот на парламентот на Албанија, Илир Мета, јавува Anadolu Agency (AA).
Рама, во врска со членството на Албанија во Алијансата, истакна дека членството во НАТО дефинитивно воспостави нова иднина за народот на Албанија за да се изгради просперитет.
Што се однесува до Косово, Рама рече: Интеграцијата на Косово е неопходност, не само за Косово, не само за Балканот, туку и за целото евро-атлантско семејство. Политичкото раководство и општеството ќе го носи товарот на овој витален процес. Институционализацијата на односите меѓу НАТО и Косово да се гледат како катализатор на целиот процес на интеграција на регионот. Целосната вклученост на Балканот во НАТО треба да биде капитална стратешка инвестиција", рече премиерот на Албанија.
Потпишувањето на Протоколот за пристапување на Црна Гора, тој го смета за важен стратешки чекор на Алијансата.
„Горд сум што Албанија ја поддржува интеграцијата на Црна Гора во НАТО. Членството на Црна Гора во НАТО, Јадранското Море го трансформира во внатрешно море на Алијансата. Исто така имаме работено и за интеграција на Македонија. Албанија е заинтересирана оваа земја да биде подемократска и ние веруваме во потенцијалот на Македонија”, рече Рама.
Рама размени и шеги со британскиот претставник во врска со дебатата за останување или не во Европската унија, а дури имаше и шеги со поранешниот премиер на Албанија, Пандели Мајко, каде Рама рече дека „треба да се реализира уште еден сон, НАТО да изгради база во Албанија”.
Додека претседателот на Собранието на Албанија, Илир Мета, во својот говор рече дека Албанија ќе продолжи да биде активен член на Алијансата за справување со безбедносните предизвици. Мета понатаму во својот говор рече: „Архитектурата на безбедноста треба да се регулира повеќе и повеќе и со стратегија која го вклучува и владеењето на правото. Парламентарното собрание на НАТО има клучна улога за одржување и е одлична платформа за промовирање на дијалогот. Безбедноста во светот денес често се става во прашање и сме во средина на една бегалска криза што допринесе во последните неколку месеци да видиме некои тажни работи. Ние имаме одговорност да ги заштитиме границите, но и обврска да обезбедиме помош за овие луѓе. Албанија ќе придонесе со скромен капацитет и нема да гради ѕидови”.
На пленарната седница говор одржа и премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, каде што рече дека неговата земја се смета за фактор на стабилноста на Балканот.
„Со потпишувањето на протоколот за пристапување на Црна Гора де факто стана дел од НАТО. Како сериозен партнер Црна Гора останува посветена на исполнување на обврските што ги има. Со нашето активно ангажирање во регионот, ние ќе придонесеме за безбедноста на Медитеранот и пошироко, во време кога светот се соочува со предизвици. Поканата дадена на Црна Гора е една од најголемите успеси на земјата постигната во оваа деценија и овој процес е незапирлива. Тероризмот, ДАЕШ, странските борци, анексијата на Крим и бегалската криза ни прават да сфатиме дека никој не е изолиран од овие меѓународни проблеми”, рече Ѓукановиќ.
Александар Вершбоу, заменикот- генерален секретар на НАТО, рече дека членството во НАТО ќе обезбеди долгорочна сигурност на Црна Гора.
Според него, членството во НАТО има трансформирачки ефект врз земјите и тоа им помага за темелите на економски напредок. И покрај тоа што се работи за бегалската криза, Вершбоу изјави дека НАТО игра поддржувачка улога. Тој, исто така, зборуваше за одредени други прашања, како кризата во Украина, претстојниот самит на НАТО во Варшава, Русија, итн.
Мајкл Р. Тарнер, претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, рече дека Албанија ги надминува своите можности со придонесите за заедничка одбрана.
„Успеавме да му дадеме крај на насилството во Западниот Балкан, каде што наместо војна нудевме мир и помирување. Проширувањето на НАТО донесе многу придобивки за новите членки, како и за постарите. Ова проширувње не загрозува никого”, изјави Тарнер.
На крајот на оваа сесија ќе се објави изјавата на „унифицираната агенда на Самитот на НАТО во Варшава”.