İzzet Mazi
18 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
КИЛИС (АА) - Канцеларијата на гувернерот на јужниот пограничен регион Килис соопшти дека причина за експлозијата утринава пред основното училиште била минофрлачка граната која најверојатно е испалена од територијата на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
"Утринава во 9:30 часот по локално време три минофрлачки гранати, најверојатно испалени од Сирија, паднаа на територијата на Килис, од кои две паднаа на празно поле, а една во дворот во кој се наоѓаат четири училишта. Таа граната падна пред основното училиште "Назли Омер Четин", се наведува во соопштението.
Се додава дека во експлозијата загина една вработена во училиштето и дека во зградата на соседното училиште "Ејуп Гокчеимам" ранета е една ученичка од седмо одделение. Ранетото девојче е префрлено во болница во Килис.
Истрагата за експлозијата, која предизвика голема материјална штета на објектите на двете училишта, е во тек.
Во експлозијата уништено е едно возило паркирано во дворот на училиштето.
Училиштето се наоѓа на околу 10 километри од сириската граница, а турските безбедносни сили ги зајакнаа мерките за безбедност на тоа подрачје.