Hale Türkeş
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
КИЛИС (АА) - Четири лица се повредени во ракетен напад на три проектили испукани од Сирија, кои денес паднаа во југоисточната покраина Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворите кои сакаа да останат анонимни, една од ракетите рано утринава погодила ѕид помеѓу средното стручно училиште и провинцискиот Национален директорат за образование Јашар Ататурк, предизвикувајќи материјална штета на двете згради.
Втората ракета паднала на улица, при што повредила три цивили.
По 20 минути, третата ракета паднала на покрив од петкатна зграда во изградба, при што повреди еден цивил.
На местото на настанот беа испратени медицински екипи а полицијата ја забарикадира областа.
Килис се наоѓа на шест километри од сириската граница.
Турските погранични градови и покраини од средината на јануари се места каде што постојано паѓаат проектили од соседната Сирија.
Според регионалниот гувернер, само во покраината Килис, загинати се 20 лица а речиси 70 се повредени, како резултат на од ракетите кои паѓаат на турска територија уште од јануари.
Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш - зборувајќи на 2-ри мај по состанокот во претседателскиот кабинет на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган - изјави дека во последните три месеци, испукани се 55 ракети од страна на ДАЕШ од Сирија во Килис. Турската војска за возврат ги гранатираше позициите на ДАЕШ.
На 2-ри мај, турските сили ги погодија складиштата со оружје и муниција на ДАЕШ во пограничните покраини Суран, Аршак, Илдак и Ихтималат, убивајќи „50 терористи". Бројката подоцна се искачи на 64. Денес турските сили неутрализираа 13 терористи на ДАЕШ во Сирија.