Dilara Hamit,Havva Kara Aydın
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес одржа телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, а нивниот разговор беше фокусиран на билатералните односи, регионални прашања и ситуацијата во Либија, се соопштува од Директоратот за комуникации на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на телефонскиот разговор, Ердоган изрази загриженост во врска со тоа дека оние кои се наоѓаат зад неодамнешното насилство и кражби за време на протестите во САД работат со ЈПГ/ПКК, терористичка организација која што извршува операции во северниот дел на Сирија, се вели во соопштението издадено од Директоратот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.
Во соопштението се вели исто така дека двајцата лидери се согласиле да ја продолжат блиската соработка за промовирање на мир и стабилност во Либија.