?????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со францускиот претседател Франсоа Оланд, при што изрази соучество по повод синоќешните терористички напади во Париз, во кои загинаа 127 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во таа прилика му кажа на францускиот претседател дека Турција е со Франција и дека турскиот народ ја дели болката со францускиот. Претседателот на Турција истакна дека тероризмот не познава ниту нација ниту држава.
Во тек на разговорот двајцата лидери изразија одлучност и заедништво во борба против тероризмот.
Францускиот претседател претходно соопшти дека по синоќешниот напад нема да може да присуствува на самитот Г20 кој започнува утре во Анталија.
Истакна дека на самитот ќе присуствува министерот з надворешни работи на Франција, Лаурент Фабиус и министерот за финансии на Франција, Мишел Сапин.
Претходно, за овие напади одговорност презема терористичката организација Даеш. Двајацата лидери истакнаа дека ќе се видат на 30–ти ноември во Париз, за кога е предвидено одржувањето на Конференцијата на ОН за климатските промени.