Murat Kaya Nevşehir
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
НЕВШЕХИР (АА) - Раѓањето на бебе со два израснати предни заби во турскиот град Невшехир предизвика големо внимание и изненадување кај лекарите и јавноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на минатата ноќ во државната болница во Невшехир 23-годишната Назифе Kијга роди девојче со два пораснати заба.
Лекарите и семејството биле вчудоневидени со оваа ретка појава, но загриженоста исчезнала кога деталните лекарски прегледи покажале дека бебето е здраво и не постојат никакви компликации.
На бебето му е дадено името Mираџ, а д-р Зејнеп Ибишоглу изјави дека породувањето поминало без проблеми и дека деталните прегледи покажале дека бебето е здраво.
„Бебето е во ред и нема проблеми со доењето. Раѓањето на бебињата со заби е редок случај кој се случува еднаш во стотина илјади случаеви. Со цел да се спречат компликациите, во соработка со стоматолозите, ги извадивме двата изникнати заба”, рече докторката.
Мајката изјави дека семејството било изненадено и исплашено, но подоцна од страна на лекарите биле уверени дека врз бебето нема да има никакви негативни последици.