Nancy Caouette
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Во Мексико, за првпат во светот е родено бебе зачнато со помош на три ДНК структури, јавува Anadolu Agency (AA).
Бебето ја наследило дезоксирибонуклеинската киселина од своите родители и од донаторот, што значи дека има три биолошки родители.
Лекарите претходно утврдиле дека мајката, инаку Јорданка, боледува од синдром на Леј, нарушување на нервниот систем од кој претходно ѝ починале две деца.
Двојката го контактирала др. Џон Џанг од медицинскиот центар „Нова надеж“ во Њујорк.
Иако различните техники на употреба на ДНК од три лица се користат во светот на медицината уште од 90-тите години, методот не е одобрен во САД, па родителите и лекарите постапката ја извршиле во соседната држава Мексико, која нема регулиран правилник за споменатиот метод.
„Ова докажува првпат дека генетските мутации од три лица можат да избегнат настанување на болести“, изјави Џанг додавајќи дека методот на оплодување што вклучува три лица може многу да им помогне на родителите што имаат тешкотии со гените.
Многу научници од оваа област упорно истакнуваат дека терминот „тројца родители“ е погрешен, бидејќи бебето најголем дел од ДНК носи од родителите.