свет

Газа: Бебето Лејла во канџите на смртта поради неисхранетост

Лејла е една од големиот број бебиња во болницата што се борат да преживеат поради недостигот на храна и лекови поради тековните израелски напади и израелската блокада

Ekipa  | 29.03.2024 - Обновена : 03.04.2024
Газа: Бебето Лејла во канџите на смртта поради неисхранетост Фото: Mousa Salem/АА

ГАЗА (АА) - Предвреме роденото бебе од Газа, Лејла, се соочува со смрт поради неисхранетост и ограничен пристап до вода, јавува Анадолу.

Во моментов Лејла се наоѓа во одделот за интензивна нега за новороденчиња во болницата Камал Адван во градот Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа.

Таа е една од големиот број бебиња во болницата што се борат да преживеат поради недостигот на храна и лекови поради тековните израелски напади и израелската блокада што ја спречува помошта да стигне до цивилите.

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври во кој, како што тврдат израелските власти, загинале речиси 1.200 Израелци.

Оттогаш до денес во израелските напади врз Газа загинаа најмалку 32.623 Палестинци, главно жени и деца, а нападите предизвикаа и масовно уништување, раселување и глад.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена пресуда со која му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.