Halit Süleyman
25 Јули 2016•Ажурирано: 25 Јули 2016
АЛЕПО (AA) – Најмалку десет лица се убиени, а 40 повредни во нападите кои руските воздушни сили ги изведоа на населбите и една болница во местото Етариб во западниот дел на Алепо кој го контролираат силите на сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори јавуваат дека руските воени авиони изведоа вкупно 25 напади во кои се користени разорни вакум бомби и касетни гранати.
Според првите информации од теренот, во нападите се убиени најмалку десет, а ранети 40 лица. Зградата на болницата во Етариб во поголема мерка е оштетена.
Мета на руските воздушни напади беа и пазарот и чаршијата во Етариб.
Руските авиони во текот на минатата ноќ изведоа и напади на подрачјето Анада и Ибн Семан, кои исто така се делови на Алепо под контрола на опозицијата.