Fatih Erel
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Следната рунда на мировните преговори за Сирија во Женева ќе започне утре со цел да ја воведување на државата во одредена политичка транзиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Преговорите ќе започнат утре со состанокот помеѓу Специјалниот пратеник на Он за Сирија, Стефан де Мистура и делегацијата на сириската опозиција.
Пред да започнат преговорите, Де Мистура ги посети Дамаск и Техеран при што преговараше со турските и саудиските власти со цел постигнување заедничко мислење за политичката транзиција.
Режимот на Башар ал-Асад побара продолжување на преговорите по парламентарните избори во Сирија закажани за утре.
Во март, на крајот од последната рунда преговори, Де Мистура има предаде документ на сирискиот режим и опозицијата во Женева конципирајќи ги основните принципи за политичкото решавање на сириската криза. Тој истакна дека ниту делегацијата на режимот ниту пак делегацијата на опозицијата не го одбиле овој документ.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на про-демократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250,000 лица се убиени а над 10 милиони лица се раселени.