Selen Temizer,Levent Tok
22 Јануари 2016•Ажурирај: 23 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Во руските воздушни напади во Сирија, кои се изведуваат веќе четири месеци, гранатирани се 25 училишта во региони кои се под контрола на опозициските сили, пренесува Anadolu Agency (АА).
Новинарот на АА дознава дека се гранатирани 14 училишта во Алепо, шест во Идлиб, три во Дамаск, едно во Деир ез-Зур и Рака. Руските авиони секојдневно ги напаѓаат населените места и упориштата на умерената сириска опозиција, која се бори против режимот на претседателот Башар ал-Асад.
Руското Министерството за одбрана на 30-ти септември минатата година соопшти дека во Сирија започнуваат воздушни интервенции со цел напаѓање на упориштата на терористичката организација ДАЕШ.
Сепак, податоците покажуваат дека во текот на руските напади врз сириските градови Хомс, Хама, Идлиб и Алепо претежно страдале сириските цивили, а дека е нападнат само ограничен број засолништа на ДАЕШ.
Во најновиот напад во Aнјар, во провинцијата Алепо загинаа 17 лица, меѓу кои 11 деца. Набљудувачите за човекови права во Сирија претходно објавија извештај во кој се наведува дека во претходните руски воздушни напади во Сирија загинале најмалку 583 лица, вклучувајќи и 570 цивили.