Mohamed Sabry Emam Muhammed
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку шест лица, вклучувајќи и еден војник, беа убиени во серија на напади низ ирачкиот град Багдад вчера, јавува Anadolu Agency (АА).
„Оганот беше отворен од снајпер врз војниците кои го чувале контролниот пункт во јужниот дел на Багдад, при што загинаа еден војник, а повредени се тројца други, изјави полициски службеник за АА”, Надер ал-Џанаби.
Два цивили беа убиени и шест други повредени при експлозија на бомба во областа ал-Зафарана во југоисточен Багдад, рече тој.
Уште тројца цивили загинаа, а седум други беа повредени во две експлозии во Багдад во северниот и јужниот дел на градот, рече Ал-Џанаби.
Одговорност за нападите не презеде никој.
Ирачките официјални лица често за нападите ја обвинуваат терористичката група ДАЕШ, која зафати големи површини на територијата на Ирак во 2014 година.