Ata Ufuk Şeker
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Турската авиокомпанија Turkish Airlines (THY) од денеска ќе лета пет пати дневно во главниот град на Белгија, Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на „THY” за Брисел, Вејсел Сердар за АА изјави дека оваа авиокомпанија повторно ќе лета пет пати дневно на аеродромот Завентем во Брисел, како што и беше случајот пред терористичките напади во овој град.
„THY” од денес, 25-ти јуни, повторно ќе лета пет пати дневно за Брисел”, изјави Сердар, и додаде дека за два дена ќе почнат и чартер летови од турскиот град Ескишехир.
„Оваа година ќе почнеме и со чартер летовите за Брисел од турскиот град Ескишехир. Тоа ќе бидат три летови неделно, а почнуваат од 27-ми јуни”, изјави Сердар.
Тој исто така рече дека аеродромот Завентем во Брисел е обновен во потполност и дека патниците веќе нема да имаат потешкотии при патувањето.
Во терористичките напади на аеродромот Завентем и метро станицата Маелбек на 22-ри март, загинаа 32 а повредени беа 270 лица. Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДАЕШ.