Mazin Majeed Asaad Baqal
22 Март 2019•Ажурирај: 23 Март 2019
МОСУЛ
Бројот на жртвите во несреќата во која потона траект на реката Тигар во ирачкиот град Мосул, се искачи на 100 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Министерството за внатрешни работи на Ирак се наведува дека во потонувањето на траектот во паркот Ел-Џезире, кој се наоѓа на отворени води на реката Тигар, кај Мосул, загинале 100 лица.
Во снимките објавени на социјалните мрежи во врска со оваа несреќа, привлекува внимание тоа што на потонатиот траект немало спасувачки елеци.
Премиерот на Ирак, Адил Абдулмехди, кој дојде во Мосул за да го посети местото на настанот, соопшти дека е прогласена тридневна жалост во земјата поради загинатите во оваа несреќа.
Сè уште не е дадена изјава околу причината за потонување на бродот, додека локалните извори тврдат дека на траектот со капацитет од 50 лица се наоѓале над 170 патници.