свет

Езан во живо на јавните емитери, жените носеа марами во знак на поддршка на муслиманите

Голем број жени во Нов Зеланд одговорија на повикот на премиерката Ардерн и во знак на солидарност со муслиманите денес носеа марами.

Recep Şakar  | 22.03.2019 - Обновена : 23.03.2019
Езан во живо на јавните емитери, жените носеа марами во знак на поддршка на муслиманите (Fotoreporter: Peter Adones/ AA)

МЕЛБУРН (АА) - Првата петочна молитва (џума намаз) во Нов Зеланд по терористичкиот напад на џамиите во Крајстчрч, во кој се убиени 50 и ранети уште толку муслимани, одбележана е со емитување на езанот (повик за молитва) во живо на државните медиуми Радио „Нов Зеланд“ (RNZ) и Телевизија „Нов Зеланд“ (TVNZ), јавува Anadolu Agency (AA).

На целата територија на Нов Зеланд одржани се програми во знак на сеќавање и оддавање почит кон жртвите од терористичкиот напад во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“.

Откако преку јавните емитери е емитуван езанот за петочната молитва, во целата земја е одржано двеминутно оддавање почит кон убиените.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, присуствуваше на петочната молитва во паркот „Хагли“ во Крајстчрч.

Премиерката Ардерн во кусото обраќање пред петочната молитва, во кое го цитираше пратеникот Мухамед, порача дека сите верници се како едно тело.

„Божјиот пратеник Мухамед има кажано: ‘Верниците едни на други си укажуваат почитување, сочувство и симпатии и тие се како едно тело. Ако еден дел од телото боледува, и другите делови му се придружуваат во болката’. Нов Зеланд е со вас. Во жалоста ние сме едно“, порача премиерката Ардерн.

- „Ни ги скршија срцата, но не сме поразени“

Алаби Латиф Зирулах, имам во џамијата „Линвуд“, го кажа езанот (повикот за молитва), а хутбата (предавање кое се одржува во рамките на петочната молитва) ја одржа имамот од џамијата „Ал Нур“, Џамал Фуд, заблагодарувајќи ѝ се на премиерката и на Владата на Нов Зеланд и на сите граѓани за искажаната поддршка.

Нагласувајќи дека тероризмот нема боја, вера или нација, тој рече дека по терористичкиот напад се покажало дека Нов Зеланд е непобедлив.

„Светот кај нас може да види пример на љубов и единство. Срцето ни е скршено, но не сме поразени“, истакна Фуд.

- Жените носеа марами во знак на поддршка

Голем број жени во Нов Зеланд одговорија на повикот на премиерката Ардерн и во знак на солидарност со муслиманите денес носеа марами.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.