Tutku Şenen
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
ДОХА (АА) - Израелскиот закон кој повикува да се забрани користењето на звучници при повикот за молитва, денес од верскиот челник на Турција е окарактеризиран како отфрлање на исламот, јавува Anadolu Agency (AA).
Мехмет Ѓормез, претседателот на Управата за верски работи на Турција, рече дека предлогот да се воведе ограничување на бучавата на местата за богослужба значи отфрлање на исламот и присуството на муслиманите во Ерусалим.
За време на посетата на Катар, тој пред новинарите изјави: „Забранувањето на повикот за молитва (езан) значи отфрлање на муслиманите и на исламот во Ерусалим, наназад низ историјата. Невозможно е да се прифати тоа“.
Нацрт-законот, кој во моментов чека одобрение пред да биде претставен во Кнесетот, израелскиот Парламент, ја има поддршката на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Тој се однесува на сите религии во Израел, но многумина стравуваат дека најмногу се однесува на џамиите од кои се огласува повикот за молитва, петпати на ден. Во планираната легислатива се споменуваат Израелците кои редовно и секојдневно се подложени на бучавата предизвикана од повикот на муезинот од џамиите.
Пред да стане закон, легислативата мора да помине три круга на гласање од страна на пратениците. Гласањето закажано за денес е одложено.
Голем број Израелци го осудија предлог-законот како напад врз слободата на религијата и дел од моделот за прогонување на муслиманите.
Израел: Одложен предлог-законот за забрана на повикот за молитва
Гласањето во Генералното собрание во врска со забрана на повикот за молитва, со звучници од џамиите, е одложено поради противењето на Јахадут ха-Тора, една од верските еврејски партии во израелскиот Парламент (Кнесет)
%2Fthumbs_b_c_934158669b94ac26e06ae94c1903dece.jpg)