Said İbicioğlu
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Непознати лица синоќа извршиле хакерски напад и го презеле емитувањето на програмите на два канала на израелската државна телевизија, јавува Anadolu Agency (AA).
Хакери емитувале снимки од џамијата Ал Акса, со езан како аудиоподлога на „Канал 2“ и „Канал 10“ на израелската телевизија. Исто така, неколку минути пуштале и снимки од неодамнешните пожари што зафатија неколку израелски градови.
Израелските медиуми известуваат дека хакерскиот напад е извршен во пресрет денешната седница на израелскиот парламент Кнесет, на кој претставниците ќе гласаат за нацрт-законот со кој се планира да се воведе ограничување за повикот за молитва (езан) во старото јадро на Ерусалим.
Нацртот превидува забрана на употребата на разглас за емитување на езанот, а израелската Влада како предлагач тврди дека гласните езани ги нарушуваат мирот и тишината во градот.
Оваа иницијатива на израелската Влада наиде на остри реакции кај Палестинците, но и на голем број земји, вклучувајќи ја и Турција.