Aness Suheil Barghoti
19 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
РАМАЛАХ (АА) - Палестинската ослободителна организација (ПЛО) го осуди повикот на еврејскиот рабин кон доселениците да ја отрујат водата и изворите во палестинските места на окупираниот Западен брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Рабинот Шломо Мима, претседавачот со Советот на рабини во населбите на Западниот брег издаде „советодавно мислење” во кое им „дозволува” на еврејските доселеници да ја отрујат водата во местата и градовите во кои живеат Палестинци.
Според израелската антиокупациска организација "Breaking the Silence", повикот за труење на водата на Палестинците е „поттикнување и повик за убивање на Палестинците”.
„Таквите повици укажуваат дека Израел не е вистински партнер за мир. И претходно имаше стотици повици од рабините за одземање на земјиштето на Палестинците и уништување на нивните имоти”, се наведува во соопштението.
ПЛО, од друга страна, истакнува дека претходно се „документирани повеќе слични повици на насилничко однесување кон Палестинците”.
Израел го окупираше Источен Ерусалим во 1967 година во текот на војната на Блискиот Исток. Овој град е припоен во 1980 година и му е дадена функцијата на главен град. Тој потег меѓународната заедници никогаш не го призна.
Меѓународното право смета дека споменатите подрачја се окупирани и дека еврејските населби во нив се нелегални.
Палестинците, од друга страна, го обвинуваат Израел дека врши кампања која ќе ги натера Палестинците да се одселат од тие подрачја.