Elvir Hociç
19 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
МОСКВА (АА) - Најмалку 11 деца загинаа, а две сè уште се водат за исчезнати во бура на езерото Сијамозеро во северозападната руска област Карелија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руската новинска агенција ТАСС јавува дека спасувачкте екипи од езерото ги извлекле телата на 11 деца, и дека и понатаму трагаат по уште две исчезнати деца.
Станува збор за деца на возраст од 12 до 15 години, кои допатувале од Москва. За време на излет на езерото, синоќа ги зафатила голема бура. Вкупно 49-те деца биле распоредени во две бротчиња и еден чамец, а до брегот стигнало само едно од бротчињата.
Спасувачките екипи успеаа да спасат 11 деца, а едно девојче само допливало до брегот.