Ayşe Hümeyra Atılgan
08 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
БЕРЛИН (АА) - Германија вчера изрази длабока загриженост во врска со контоверзниот нацрт-закон во Израел со кој ќе се легализираат илегалните населувања на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Себастијан Фишер, портпарол на германското Министерство за надворешни работи, изјави дека нацрт-законот е против меѓународното право.
Во своето обраќање пред новинарите во Берлин, Фишер изјави дека нацрт-законот ќе постави сериозен предизвик за кредибилитетот на израелската Влада како поддржувач на бинационална држава.
Контровезниот нацрт-закон во понеделникот пројде прелиминарно читање во израелскиот Парламент (Кнесет).
Одобрен од 49 гласачи од вкупно 60, по груба дебата, овој нацрт-закон треба да помине уште три дополнителни гласања во Кнесетот за да се усвои како закон.
Доколку се усвои нацрт-законот, тогаш со него многу палестински земјишта ќе бидат запленети и ќе се овозможи ретроактивна легализација на илегалните населувања на Западниот Брег.
На нацрт-законот се спротивставија премиерот Бенјамин Нетанјаху и јавниот обвинител Авихај Манделблит, кои по гласањето во понеделникот изјавија дека нацрт-законот е во спротивност со израелското и со меѓународното право.
Израелскиот опозициски лидер, Исак Херцог, исто така го осуди законот: „Овој спор ќе биде запаметен како црн ден во Кнесетот“, изјави тој.
Меѓународното право ги смета за илегални сите населувања на Евреите на Западниот Брег.