Turgut Alp Boyraz
08 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските безбедносни сили во текот на претходната ноќ во подрачјето на неколку градови на Западниот Брег упаднале во приватни домови и уапсиле 18 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти израелската армија, рациите и апсењата биле извршени во подрачјето на градовите Џенин, Tулкерм, Наблус, Рамалах, Витлеем и Хеброн.
Во соопштението на израелската армија стои дека Палестинците се притворени под сомнение „за вмешаност во нелегални активности”.
Израелската армија на територијата на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим често спроведува рации, во кои под различни обвиненија го приведува локалното население. Според податоците на Комисијата за работа на приведените граѓани, само минатата година израелската армија уапсила 6.830 Палестинци.