Eşref Fahri
13 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Турската полиција уапси најмалку 68 лица во операцијата против терористичката организација ДАЕШ, која беше спроведена во повеќе градови низ земјата, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што дознава новинарот на АА, полицијата спровела обемна кампања против терористичката организација во Анкара, Измир, Анталија, Газиантеп, Мерсин, Адана.
Во Анкара вчера уапси 16 припадници на терористичката организација ДАЕШ, вклучувајќи и еден државјанин на Турција, за кој е утврдено дека подготвувал терористички напад во овој град. Уште 15 од уапсените се сириски државјани, и тие се доставени до полициската станица за странци, за подоцна да бидат депортирани надвор од земјата.
Уапсените во Анкара планирале да изведат терористички напади на неколку локации во центарот на градот. Меѓу уапсените има турски и странски државјани, меѓу кои и неколку деца. Некои од нив беа изведени пред суд.
Станува збор за луѓе кои обезбедувале логистичка поддршка на терористичката организација и биле во постојан контакт со ДАЕШ, планирајќи ги терористичките напади.