Sarp Özer
30 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека Турција е подготвена да го разгледа евентуалното барање за преземањето на управувањето со аеродромот во Кабул, доколку претходно се исполнат потребните услови за тоа, јавува Агенција Анадолија (АА).
На новинарското прашање дали Турција може да го преземе управувањето со Меѓународниот аеродром во Кабул, Акар во Анкара рече дека земјата сака и прави значителни напори за луѓето во Авганистан да живеат во мир и просперитет.
„Ние внимателно ги следиме тековните настани во Авганистан. Што се однесува до управувањето со аеродромот, ние сме подготвени да го разгледаме доколку добиеме такво барање и доколку се исполнети потребните услови за тоа“, рече Акар.
Тој, исто така, рече дека таквите одлуки секако мора да поминат низ неопходната процедура за ревизија во Турција.
„Имаме историски врски со Авганистан и споделуваме заеднички вредности. Ние внимателно ги следиме настаните таму и ги разгледуваме“, рече Акар.