İbrahim Halil Çekici
13 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Жителите на Истанбул од утринава оставаат каранфили во знак на сеќавање на загинатите во вчерашниот терористички напад на плоштадот "Султанахмет", јавува Anadolu Agency.
Полицијата го заврши увидот на местото на настанот и овој дел на градот е повторно отворен за сообраќај, за пешаци и новинарски екипи кои и понатаму ги има многу.
На плоштадот и понатаму е присутна полицијата, но во помал број отколку вчера. Во вчерашниот самоубиствен напад во Истанбул, загинаа 10 а повредени беа 15 лица.
Нападот, како што соопшти турската полиција, го извршил бомбаш самоубиец со потекло од Сирија, припадник на терористичката организација ДАЕШ.
Меѓу десетте загинати во вчерашниот напад најголем дел беа државјани на Германија.