Hatice Vildan Topaloğlu
13 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили уапсија десетици луѓе низ цела Турција, меѓу нив и тројца руски државјани за наводна поврзаност со ДАЕШ, по смртоносниот напад во Истанбул, изјавија денес безбедносни извори за Anadolu Agency (AA).
Според изворите, три лица, руски државјани, денес се уапсени во текот на рација во јужната покраина Анталија, додека шестмина од останатите осомничени се уапсени во западната покраина Измир.
Вчера, безбедносните сили приведоа 16 лица, меѓу кои 15 Сиријци и еден турски државјанин во операција на безбедносните сили во главниот град Анкара. Се очекува Сиријците набрзо да бидат депортирани.
Исто така, вчера приведени се две лица кои илегално сакале да ја преминат границата од Сирија во Турција, во источната покраина Килис.
Во југоисточната покраина Шанлиурфа, безбедносните сили приведоа 21 лице во рацијата извршена на 22 различни локации.
Во јужната покраина Мерсин, девет лица осомничени за поврзаност со ДАЕШ, се исто така приведени.
Во јужната провинција Адана, вчера се приведени се девет осомничени, од кои петмина странски државјани во одделни анти-ДАЕШ операции.
Бомбаш самоубиец вчера уби 10 лица, најголем дел германски туристи, во Истанбул.