Emre Gürkan Abay
22 Март 2019•Ажурирај: 23 Март 2019
МОСКВА
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, критикувајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во која тој изјави дека е „време е да ја признаеме доминацијата на Израел во Голанската Висорамнина“, нагласи дека „обидот да се смени статусот на Голанската Висорамнина е директна повреда на резолуциите на Обединетите нации (ОН)“.
Захарова во изјавата за руското радио „Комерсант ФМ“ истакна дека Русија има принципиелен став во однос на тоа дека Голанската Висорамнина ѝ припаѓа на Сирија.
„Овој став е потврден со резолуциите 497 и 1981 на Советот за безбедност на ОН“, рече Захарова и додаде: „Нашата проценка на незаконитоста на израелската одлука за ширење на нејзиниот суверенитет над Голанската Висорамнина не се промени. Игнорирањето на Советот за безбедност на ОН и обидот за промена на статусот на Голанската Висорамнина е директно кршење на резолуциите на ОН.“
- Израел од 1967 година ја држи Голанската Висорамнина под окупација
„По 52 години, дојде време САД во потполност да го признаат суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина, која е од критичко стратешко и безбедносно значење за државата Израел и за регионалната стабилност“, напиша Трамп на Твитер.
Израел од 1967 година ја држи под окупација Голанската Висорамнина која ѝ припаѓа на Сирија.