свет

Калин за изјавата на Трамп: „Тоа е поддршка на политиката на окупација"

Калин истакна дека меѓународното право го гарантира територијалниот интегритет на сите земји.

İlkay Güder  | 22.03.2019 - Обновена : 23.03.2019
Калин за изјавата на Трамп: „Тоа е поддршка на политиката на окупација"

АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на Кабинетот на турскиот претседател Ибрахим Калин, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „ е време да се признае суверенитетот на Израел над Голан", истакна дека таквиот чекор претставува поддршка на политиката на окупацијата, јавува Anadolu Agency (AA).

„Обидот на американската администрација да ги легитимира незаконските постапки на Израел кон Голанската висорамнина претставува поддршка на политиката на окупација и дополнително продлабочува судири", наведе Калин во објава на Твитер.

Истакна дека меѓународното право го гарантира територијалниот интегритет на сите земји.

Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е време САД, по 52 години, во потполност да го признае суверенитетот на Израел над окупираниот Голан.

„По 52 години, дојде време САД во потполност да го признаат суверенитетот на Израел над Голанската висорамнина, која е од критичко стратешко и безбедносно значење за државата Израел и за регионалната стабилност", напиша Трамп на Твитер.

Американскиот Конгрес се повеќе врши притисок на Капитол Хил да го смени својот став за прашањето на суверенитетот над Голанската висорамнина.

Стејт Департментот минатата недела за прв пат ја смени терминологијата за спорната територија, напоменувајќи дека се работи за дел на земја кој е под „израелска контрола", наместо досегашниот термин „окупиран".

Признавање на спорното подрачје би претставувало голем пресврт во американската политика само седум дена пред доаѓањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон на средба со Трамп и држење говор пред Американско-израелскиот одбор за јавни работи.

Нетанјаху, пред кој се избори во Израел на 9 април, вршеше притисок на САД да го признае израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина.

Израел окупираше поголем дел на Голан, сириска територија, во војната од 1967 година и го припои. Таквиот потег сепак не е меѓународно признаен. Нетанјаху, кој тоа прашање го покрена на својот прв состанок во Белата куќа со Трамп во февруари во 2017 година, му се заблагодари на Трамп на најавата за признавање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.