Sinan Uslu
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин во своето денешно обраќање изјави дека до денес сите странци, особено оние за кои постои сомневање дека се поврзани со ДАЕШ, околу 3.300 лица се депортирани од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
"До денеска, сите странци, особено оние за кои постои сомневање дека се во врска со ДАЕШ, околу 3.300 лица се деепортирани од Турција. Во тие рамки околу 41.000 странски државјанин има забрана за влез во Турција. Тоа се лица за кои постои сомнеж дека се во соработка со терористичката организација ДАЕШ. За ризичните групи направени се одделни анализи и од околу 9.500 странци, на повеќе од 2.000 лица не им е дозволен влез во Турција. Во склоп на операциите кои ги спроведуваме против терористичката организација ДАЕШ, приведени се 2.770 лица од кои околу 1.232 е странски државјани, и за 954 од нив се поведени судски постапки", рече Калин.
Потпаролот Калин истакна: "(по повод интервјуто на водачот на терористичка организација, Џемил Бајик за Би-Би-Си) "Овој вид на репортажи за оправдување на тероризмот нема никаква врска со новинарството. Овој вид на пропаганда на тероризмот не е ништо друго освен негово подржување. Каква би била реакцијата врз медиумската агенцијата финансирана од странство, која води интервју со припадник на Ал-Каеда, учесник во терористичкиот напад 2007 година во метро-станиците во Англија, при што тој медиум овој терорист го претставуава како разумна и легитимна личност. Тука станува збор за многу слични ситуации. Овој потпарол на ПКК, кој по средбата која ја имал со лидерот на организацијата шетајќи се околу-наоколу и се обидува да ни ги наметне целите на организацијата ПКК како разумни и легитимни барања. Ова не е ништо друго освен помош во ширење на терористичка пропаганда" , рече Калин.
Портпаролот на претседателот, Калин во своето излагање се осврна и на преговорите со Израел, при што истакна дека преговорите се во последна фаза.
"Во последната фаза сме од преговорите со Израел. Преговорите се одвиваат во рамките на условите кои ги постави Турција. Доаѓаме до завршната фаза од преговорите. Во блиско време очекуваме нова средба. Како што знаете, по усогласувањето по последните двете точки поврзани со надомест на штетата и блокада, очекуваме да започне периодот на потпишување на договорот и нормализирање на односите", истакна портпаролот на претседателот на Република Турција Ибрахим Калин.